Мегафон
концерт во битола

Битолскиот камерен оркестар со најголемите хитови од Тоше: „Засекогаш во срцата“

Битолскиот камерен оркестар со најголемите хитови од Тоше: „Засекогаш во срцата“

Камерниот оркестар на Битола годината ја започнува со концерт посветен на најголемите македонски евергрини и незаборавни песни од нашата легенда Тоше Проески, кои на настанот соодветно насловен „Засекогаш во срцата“ ќе ги изведуваат: Елена Ристеска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Антонија Гиговска, Бојан Стојков, Елена Петреска, Тамара Стојковска и Ана Гаштарова.

Концертот ќе се одржи еден ден по роденденот на Тоше, на 26 јануари во Центарот за култура – Битола, кој е и организатор на настанот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 17 јануари.