Камерниот оркестар на Битола на 25 октомври ќе одржи гала филмски концерт во Македонската опера и балет. Заедно со оркестарот, предводен од маестро Владимир Димовски, ќе настапат и солистите: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Ѓоко Танески и Марија Димитријевиќ.

Концертот во Скопје доаѓа по успешната летна турнеја, во чии рамки музичарите настапија на летните фестивали во родната Битола и во Струмица, како и во Ужице, соседна Србија, а до крајот на годинава се очекува и уште еден традиционален концерт во битолскиот Центар за култура.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.