Мегафон

„Бирарија“ – Прв пивски фестивал во Битола

„Бирарија“ – Прв пивски фестивал во Битола

В сабота, на 29 јуни, во пациото на Музејот во Битола ќе се одржи првото издание на фестивалот на занаетчиското пиво и музиката – „Бирарија“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат педесетина различни пива од 15 производители, а ќе има презентација на состојки за производство на пиво, технологија на производство и стилови на пиво.

„Почетоците на пиварството во Македонија се врзани за Битола. Традицијата на консумација, боемството и интересот на новите генерации за занаетчиските пива, нè инспирираа да се зафатиме со организирање на првиот пивски фестивал во нашиот град“, пишува во соопштението за настанот, во чии рамки ќе има и изложба за традицијата на пиварството во градот на конзулите, сето тоа проследено со богата музичка програма.