Мегафон
избор за мис

Билјана Јаневска ќе ја преставува Македонија на 23-тиот интернеционален избор за „Мис туризам 20/21“ во Малезија

Билјана Јаневска ќе ја преставува Македонија на 23-тиот интернеционален избор за „Мис туризам 20/21“ во Малезија

На 23-тиот интернеционален избор за „Мис туризам“ кој ќе се одржи на  17 јануари 2021 година во  Малезија, ќе учествува и една Македонка.

Билјана Јаневска е претставник на Република Македонија, каде ќе се престави 21-та по ред, а на изборот учествува преку преку агенцијата „Пантер моделс“ на Олег Дементиенко.

Инаку на изборот ќе се престават  31 девојка од исто толку земји од целиот свет, односно од земјите што аплицирале на изборот. 

„Пантер моделс“ направија 3 видеа, од кои  во првото се претставив како кандидат, со сета моја едукација како желба за повеќе успех. Во второто видео беа презентирани нашите згради и  прекрасни споменици низ главниот град Скопје, а третото беше кастинг прошетка во фустан од модната креаторка Јасмина Дракул“ – вели Билјана, која е единствениот претставник на Македонија на овој избор.

Изборот ќе се одвива оналајн на Интернет, а во жирито ќе бидат претставници и спонзори од светот на модата и филмот.

„Заради Ковид 19 пандемијата, може да бидеме спречени да патуваме во Малезија, но затоа пак можеме и виртуелно да дојдеме до титулата“ – заклучува единствената македонска преставничка на овој избор, Билјана Јаневска.