Мегафон
Седи дома

#Бекстејџседидома: Вечерва со Мартија Станојковиќ во живо на Инстаграм

#Бекстејџседидома: Вечерва со Мартија Станојковиќ во живо на Инстаграм

Како што веќе знаете, пред неколку дена и официјално стартуваше кампањата #Бекстејџседидома, на најгледаниот и најпопуларен забавен ТВ магазин „Бекстејџ“, кој ја прилагоди и адаптираше својата програма и содржини во новосоздадените услови на карантин и домашна изолација!

Во понеделник, 23 март 2020 година „естрадниот карантин“ на „Бекстејџ – седи дома“ беше резервиран за во моментов најголемата и најпопуларна македонска машка музичка поп ѕвезда, пејачот Влатко Лозаноски – Лозано.

Во вторник 24 март, во #Бекстејџседидома…  Live  оние кои сакаа, имаа специјална можност да бидат дел од забавата на познатиот македонски ДЈ Мац, со кого можеа да муабетат, да се зезаат и журкаат.

В0  среда, 25 март,  во 20:00 часот гостинка на нивните LIVE вклучувања беше една од најпознатите инфлуенсерки на Балканот  – Дуња Јованиќ која одговараше на прашањата сите вас.

Четврток, 26 март – истиот термин, нов гостин: Марко Маринковиќ – Слаткаристика директно од изолација и беше на расплагање онлајн на целата нација за парашања и одговори.

Вечерва, петок 27 март 2020 година, се што сте сакале да дознаете за Мартија Станојковиќ, а не сте имале можност директно да ја прашате, вечерва имате единствена и ексклузивна прилика за такво нешто и тоа онлајн, во #Бекстејџседидома…  Live.

Лајвот почнува точно во 20.00 часот, а сите фанови ќе имаат можност да се вклучат во живо, да ги прашаат гостите она што сакаат, а можеби и да ги слушнат како пеат во живо, во домашни услови.

Затоа, не излегувајте никаде и не пропуштајте #Бекстејџседидома…  Live!