Мегафон
промоција

„АнтиарТ“ го промовираат првенчето во „Маракана“

„АнтиарТ“ го промовираат првенчето во „Маракана“

Вечерва, понеделник, 10 јуни 2019, бендот „АнтиарТ“ ќе го промовира својот прв студиски албум, а концертната промоција ќе се одржи во клубот „Маракана“, во 21.00 часот. На промоцијата, бендот ќе изведе дел од песните, а дел од средствата од продажбата на албумот ќе бидат донирани во хумани цели.

Бендот „АнтиарТ“ досега има објавено два сингла со видео спот, насловени  „Завидлив поглед“ и „Огледало“. Двете песни можат да се најдат на нивниот официјалниот канал на Јутјуб. Двете се нивни авторски дела, поточно композиција на Никола Бочваров и Леана Таќи (Леа), текст на Леа и аранжман на Никола и „АнтиарТ“.

Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани). Дел од песните на албумот се снимени во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а за аудио-уредувањето се погрижи Горан Гешовски.