Мегафон

Аница Добра доаѓа на филмскиот фестивал „Киненова“ во Скопје

Аница Добра доаѓа на филмскиот фестивал „Киненова“ во Скопје

„Покондирана тиква“, „Веќе видено“, „Собирен центар“, „Балкан експрес“, „Како пропадна рокенролот“, „Црниот бомбардер“…и уште многу други филмови имаат една заедничка нишка – актерката Аница Добра.

Последниве години оваа српска филмска и театарска актерка, која често се појавува и во германски филмови, не е многу присутна во јавноста, но овојпат таа доаѓа во Македонија, како гостинка на фестивалот „Киненова“, каде е ѕвезда на фестивалот кој и доделува специјална награда.

Добра дебитираше во краткометражниот филм „Пера Панкер“, за филмот „Веќе видено“ во 1987 година на фестивалот во Пула доби награда, подоцна во „Балкан експрес“ уште еднаш ја потврди својата актерска способност и како пејачката во филмот, а во меѓувреме настапуваше во Атеље 212 и во театарот „Звездара“.

Во Скопје доаѓа на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ за да ја прими наградата за особен придонес во светската филмска уметност.