Мегафон

Андријана Јаневска – Македонка во светскиот музички проект „Together Is Beautiful“ (АУДИО)

Андријана Јаневска – Македонка во светскиот музички проект „Together Is Beautiful“ (АУДИО)

„Чест ми е да ви соопштам дека денес, на 4 декември 2020 година, светот ќе биде обединет преку композиција и документарен филм во кои учествуваат музичари од СИТЕ 197 земји во светот. Претставена сум како виолинист од Македонија и пресреќна сум што имав можност да соработувам со врвни музичари од целиот свет, меѓу кои и авторот на композицијата George Fenton. Издавачи се Universal Music и Mercury Studios“ – напиша Андријана Јаневска преставувајќи го светскиот музички проект и своето учество во него како горда Македонка и уметник од Македонија.