Мегафон

Андре Риу повторно доаѓа на концерт во Скопје

Андре Риу повторно доаѓа на концерт во Скопје

Светски познатиот холандски виолинист Андре Риу повторно ќе одржи концерт во Скопје во рамки на неговата светска турнеја. Тој на 27 ноември ќе настапи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Публиката ќе има можност да слушне една сосема нова програма исполнета со фантастични филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета, како и традиционална музика.

– Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во рамки на нашата светска турнеја. Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката, вели Андре Риу.

Тој се наоѓа на првото место на над 30-тина топ-листи, добива 500 Платинум награди и продава повеќе од 40 милиони ЦД и ДВД изданија. Неговите видеа на „Јутуб” надминуваат милијарда прегледи, а неговиот „Фејсбук” има пет милиони следачи.

Билетите за концертот ќе бидат достапни во продажба од 11 март од 10 часот на www.andrerieu.com , mktickets.mk и на www.karti.com.mk