Мегафон
Вечна слава друже

Ален Исламовиќ за Влатко Илиевски: „Музиката е сјај, богатство и рај, но за жал и пекол во кој можеш да потклекнеш“

Ален Исламовиќ за Влатко Илиевски: „Музиката е сјај, богатство и рај, но за жал и пекол во кој можеш да потклекнеш“

Влатко Илиевски важеше за комуникативен човек, а иако беше познат, тој луѓето не ги делеше на познати и непознати, за него сите беа исти.

Тој беше музичка ѕвезда ама од оние посебните, кои можеа да се дофатат, а не само да сјаат од далеку.

Познато е дека во својот живот има посетено повеќе од 150 концерти, одеше специјално во странство за да ја слуша омилената музика, но знаеше да направи респект и на своите домашни и балкански колеги кога доаѓаа во Македонија.

Неговиот Фејсбук профил секогаш ќе сведочи на многуте заеднички моменти кои ги имаше со познатите музичари од регионот како: Горан Бреговиќ, Ѓуле од „Ван Гог“, Сања Долежал од „Нови фосили“, Ален Исламовиќ, Шербеџија, Бајага и многу други со кои беше близок.

Веста за неговата смрт нема кого не шокираше, а Ален Исламовиќ на својот Фејсбук деновиве му посвети статус на нашиот прерано починат актер и пејач за кого напиша:

Почина Влатко Илиевски, музичар, актер, пејач…Македонско момче со добро, златно срце и искрен пријател. Кога во Белград ме праша како да влезе во Комбанк Арената и да го слуша концертот на Дугме му реков да не се грижи, дека јас ќе излезам по него и така и направив. Ја сакаше музиката повеќе од себе, а таа за жал колку што дава, толку и одзема. Музиката е сјај, богатство и рај, но за жал и пекол во кој можеш да потклекнеш. Вечна слава друже”.

фото:фејсбук