Мегафон

Ален Исламовиќ во дует со „босанската Шакира“ (ВИДЕО)

Ален Исламовиќ во дует со „босанската Шакира“ (ВИДЕО)

Познатиот вокалист на легендарните „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ сними дует со својата колешка Енела Палавра, позната и како „босанската Шакира“. Станува збор за темата насловена „Није ми добро“, чиј автор на музиката и аранжманот е Амил Лојо, а стиховите ги потпишува Дивна Миловановиќ.

Музичарите оваа соработка премиерно ќе ја претстават во живо на фестивалот „ЦМЦ“ (CMC), кој ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Водице. Песната воедно е и прв сингл од новиот албум на Исламовиќ, кој го носи насловот „Тајно“ и на кој ќе бидат сместени нови и стари песни во нови аранжмани, сето тоа во издание на „Кроација рекордс“.