Мегафон
Овој четврток

Албумот „Homage to a dreamer“ на Гоце Стевковски Септет на концертна промоција

Албумот „Homage to a dreamer“ на Гоце Стевковски Септет на концертна промоција
фото:фејсбук

Еден од најдобрите албуми кои се појавија под македонското звучно небо во последните неколку години – „Homage to a dreamer“ на Гоце Стевковски Септет, ќе доживее и концертна промоција!

На 8 ноември, овој четврток, во салата на Македонската филхармонија во 20,30 часот, Септетот на македонскиот тапанар и композитор Гоце Стевковски, составен од извонредни музички уметници, ќе настапи со изведба на новите теми кои се најдоа на вториот албум на овој ансамбл, а кој влезе во тесниот круг на десетте најдобри на музичката мрежа „Спотифај“ („Spotify“).

Составот Гоце Стевсковски Септет го чинат: Тодор Бакрџиев на труба, Кирил Кузманов на саксофон, Сашко Николовски на тромбон, Филип Динев на гитара, Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Гоце Стевсковски на тапани, а на концертот како гости ќе настапат Димитар Божиков на гитара
и Филип Димишковски на клавијатури.

Критиката веќе го оцени албумот „Homage to a dreamer“ како извонредно издание кое го рефлектира талентот и инвентивноста на Гоце Стевковски, а кој зад себе има ипресивна биографија во која се запишани соработки со повеќе музички ансамбли и артисти, како и музичката индивидуалност и маестралната изведба на сите членови на Септетот.

Концертот е во организација на Здружението на џез-музичари и слободни уметници на Македонија, а билетите по цена од 300 и 400 денари ќе се продаваат на билетарницата на Македонска филхармонија, како и онлајн преку веб-страниците mktickets.mk и karti.com.mk.