Мегафон

Актерот Игор Ангелов гостин во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО)

Актерот Игор Ангелов гостин во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО)

Децата што одат на театар го знаат како како капетанот Џон Пиплфокс, оние што гледаат телевизија како инспекторот Цветко или дедо Менде од ТВ серијата „5+“, филмаџиите го знаат од „Трето полувреме“, „Лазар“, „Медена ноќ“ или „Златната петорка“… театарџииите по бројните улоги во прилепскиот, велешкиот или сега Драмскиот театар во Скопје… Ама сите, дефинитивно сите други и старо и младо го знае како Коста – сопругот на Ула од хумористичната ТВ серија „Преспав“.

Токму тој – актерот Игор Ангелов говори за себе, кариерата, семејството, децата,  првата и последна љубов, за за органската храна и домашното производство на вино и ракија, за глумата, тетатарот, филмот, телевизијата, за ликовите, улогите, музиката, рок ен ролот, за „Преспав“… за се што не сте знаеле до сега за него!

Затоа, немојте ниту да го преспиете ниту да го пропуштите неговото гостување во најновото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски, во сабота, на 14. април 2018, во 14.35 часот, премиерно на  „ТВ 24“!