Мегафон
познати сите детали

ЕКСКЛУЗИВНО: Еве кои музички ѕвезди ќе пеат на концертот за Тоше и кој ќе биде водител (ФОТО)

ЕКСКЛУЗИВНО: Еве кои музички ѕвезди ќе пеат на концертот за Тоше и кој ќе биде водител (ФОТО)

На големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда кој ќе се одржи во петок, 02 ноември  во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе биде промовиран албумот „Secret Place“, со новите, досега необјавени песни од Тоше Проески. Тој е и автор на дел од песните, а неколку песни се заедничко дело на Тоше и познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео спота со  песните од Тоше.

За оваа прилика организаторите собраа дел од најголемите домашни, регионални и балкански музички ѕвезди кои ќе изведуваат песни од Тоше.

Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева... се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, како и песните од мјузиклот „Тајно моја“, додека неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе „We are blood“, песната која се наоѓа на новиот албум.

Вистина.ком.мк ексклузивно дознава дека водител на целиот настан ќе биде познатиот македонски актер и стенд ап водител Сашко Коцев!

Инаку денес, вторник, 30.10.2018. премиерно ќе биде пуштен и видеоспотот за We are blood, а песната  која од вчера се емитува на радио станиците ширум Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Risteski (@kristijanristeski) on

За четврток, 01.11.18. попладне е планирана и прес конференцијата во чии рамки ќе се одржи и промоција на албумот, на кој ќе присуствува англискиот продуцент Енди Рајт, во чие студио се работеше материјалот за песните.

Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, со овој концерт ја продолжуваат хуманата мисија на Тоше. Собраните средства  се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Концертот во петок почнува во 20 ч. Влезниците може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија Рекордс.