Мегафон

41-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ соодветно ќе се одбележи, иако нема да се одржи на традиционален начин

41-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ соодветно ќе се одбележи, иако нема да се одржи на традиционален начин

На последното собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) едногласно е донесена одлука во врска со годинашното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки” дека нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А“ категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата.

Како што соопшти ДФРМ, тоа за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор таа да се зачува.

 

На собранието била ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК „Браќа Манаки“, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот.

– Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41. издание на „Браќа Манаки“, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во „новото нормално“, градот Битола, наведуваат од ДФРМ.

Извор: MИА