Мегафон

31 саем на книга од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“

31 саем на книга од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“

Триесет и првото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Покрај македонските издавачки куќи, ќе учествуваат и издавачи од Србија, Косово, Албанија и од Унгарија, која е „Земја во фокус“.

„Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година, очекуваме Министерството за култура како покровител на манифестацијата да овозможи поддршка за издавачите заради соодветни услови за промоција на литературата и на издавачката дејност. Очекуваме Саемот да ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители“, вели проект менаџерката на Саемот, Сања Кондарко.

извор: сакамдакажам