Радио Милева
претерала со ботоксот

Мег Рајан одговори на тврдењата дека се уништила со пластичните операции (фото) 

Мег Рајан одговори на тврдењата дека се уништила со пластичните операции (фото) 

Во ново интервју Мег Рајан одговори на тврдењата дека претерала со операциите.

Актерката која го одбележа Холивуд во деведесеттите отсекогаш важела за природна убавица. Од друга страна, нејзиниот изглед е значително различен во последните години, а многумина ја осудуваат дека наводно претерувала со ботоксот.

Мег сега ги коментираше тие критики и истакна дека не размислува за нив.

„Не можам да обрнам внимание на тоа. Едноставно не можам. Не вреди. Има многу поинтересни работи за разговор. Подлоста и омразата се толку глупи“, изјави актерката во интервју за магазинот „Гламур“.

Таа неодамна се врати во светот на глумата по осум години пауза. Го сними филмот „Што се случува подоцна“, кој моментално се прикажува во американските кина.

И покрај тоа, во фокусот на нејзините обожаватели сепак е нејзиниот изглед.

„Ми се допаѓа што се врати на сцената, но ќе беше многу подобро да не се уништеше целосно“, „Мислам дека филмот треба да се преименува во „Што се случува со лицето на Мег Рајан““, се некои од коментари на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Instagram/megryan

Останати вести од Радио Милева