Љубов и Секс

Мажите кои ги прават овие пет работи имаат најсреќни жени

Мажите кои ги прават овие пет работи имаат најсреќни жени

Кога сопругата сака нешто да ви каже, фокусирајте се на тоа што го зборува. Оставете го настрана мобилниот, исклучете го телевизорот, заборавете на работата. Слушајте внимателно и бракот ќе ви биде посреќен, советуваат експерти.

Слушајте што ви зборува

Приоритетите во комуникација се исклучително важни за бракот или љубовната врска.

„Важно е редовно да комуницирате како брачна двојка. Многу сопруги пронаоѓаат неверојатна радост во фактот дека биле сослушани“, вели клиничкиот психолог д-р Карла Мари Менли.

Додава дека тоа не значи дека во сѐ треба да се сложувате со жената, но самото тоа што сте ја сослушале ѝ значи многу, повеќе ќе се поврзете како пар. Кога сопругата сака нешто да ви каже, фокусирајте се на неа и на тоа што го зборува.

Бидете внимателни кон работите кои ги сака

Жената е многу среќна кога гледа дека партнерот се грижи за работи кои за неа се важни.

„Сопругите се чувствуваат длабоко сакани кога мажите обрнуваат внимание на работи кои ги сакаат и кои ги прават среќни. На пример, кога наутро ќе им сварат кафе или кога минуваат покрај омилената пекара па го купуваат нејзиното омилено печиво“, објаснува д-р Менли.

Тоа се ситни работи кои можат да внесат многу среќа во заедничкиот живот. И секако, не заборавајте да ѝ кажете колку ја сакате. Исто така, давајте ѝ. поддршка да ужива во нејзините хоби активности, немојте да се потсмевате со нив или да ја исмејувате.

Многу допири и прегратки

На жените ова им е особено важно. Тие физичките допири ги поврзуваат со тоа дали се сакани или не.

„Истражувањата покажаа дека физичката интимност и допирите играат пресуда улога во заштита од стрес во љубовната врска. Посреќни се во брак оние партнери кои се повеќе склони на свесен физички допир, а тоа делува како механизам за намалување на нивото на кортизол во телото“, објаснува психологот.

„Ако вашата сопруга сака да ја допирате, прегрнувате или милувате, правете го тоа почесто“, додава д-р Менли.

Бидете позаинтересиран за неа

„Прашајте ја како ѝ минал денот, слушајте што ви одговара и прашајте ја за тоа. Важно е и двајцата во врската да ја почувствуваат и слушнат другата страна. Ако знаете дека нешто ја мачи, прашајте ја за тоа дури и ако станува збор за нешто кое не ви е интересно за слушање или во вас буди негативни емоции“, советува д-р Менли.

Ваквите работи покажуваат дека се грижите за неа и нејзините чувства, а тоа е многу важно за среќен брак. Исто така, следете ги нејзините емоции и не форсирајте разговор ако ѝ треба малку мир и тишина.

Грижете се за себе

Ова е исклучително важно за среќна врска, двајцата партнери мора да се грижат за себе за да ги земат во обѕир туѓите потреби и среќа.

„Не може нешто да наточите од празна чаша. Ако се изгореле или сте оптоварени со работи кои треба да ги направите, тогаш не можете да водите грижа за себе и другите. Потребно е да преземете нешто“, советува психологот.

Во тој случај и двајцата партнери треба да пронајдат време за себе и добро да се одморат, да се наполнат со позитивна енергија. Таквите бракови обично се посреќни и полни со љубов, пишува „Mind Body Green“.

Извор: Курир.мк