Љубов и Секс

Мажите откриваат што мислат кога велат дека жената е „лоша во кревет“

Мажите откриваат што мислат кога велат дека жената е „лоша во кревет“

Мажите кои зборуваат дека една жена е лоша во кревет веројатно со сексот поврзуваат некои други работи како несигурноста на жената во нејзиниот изглед, недоволно труд во креветот, користењето секс за манипулација и слично.

Ова се некои од причините поради кои некои мажи сексот може да го сметаат недоволно квалитетен:

 

Несигурноста на жената поради физичкиот изглед

На многу жени им е непријатно да се соблечат пред партнерот или да водат љубов со вклучено светло. Тоа само покажува како сметаат дека не се доволно убави и совршени и поради тоа се срамат. Тоа води кон ниска самопочит, срамежливост и затоа не можат да се опуштат во кревет.

 

Мажот кој искрено ја сака партнерката ќе ги сака и сите нејзини недостатоци. Колку поголема самодоверба има жената толку и попривлечна ќе биде.

 

Недостаток на интима и блискост

 

Да се биде близок и интимен со партнерот е клучно за секоја квалитетна врска. Некои жени сакаат да манипулираат со партнерот преку секс, а има и жени кои несвесно го прават тоа, особено во долгите врски. Избегнувањето секс, уценувањето со тоа воопшто не е паметно ниту добро. Манипулацијата од кој било тип не може да заврши добро.

 

Спонтаните бакнежи, прегратки, комплименти се работи кои треба да се случуваат секојдневно. Со тоа покажувате дека се грижите за другиот, дека го сакате каков што е, а тоа води кон подобар сексуален живот.

 

Запуштен изглед на жената

 

Тоа што сте заедно 15 години не значи дека треба да го занемарите личниот изглед. Нормално дека нема да се шминкате секој ден, но понекогаш треба повеќе да се потрудите и да ја одржувате страста.

 

Не е баш пријатно по дома да одите неуредна, ако го дозволите тоа така и ќе се чувствувате. Самодовербата ќе ви паѓа, а тоа ќе се одрази и на вашиот сексуален живот.

 

До секс доаѓа кога се е совршено

 

Да бидеме реални, со текот на времето се поретки се совршените моменти за секс. Не чекајте идеално расположение за секс, потрудете се за тоа расположение. Не чекајте да се случи нешто случајно, овозможете го тоа. Допирајте се меѓусебно, гледајте се во очи, опуштете се со добра музика и препуштете се на страстите.

Извор: Попара.мк