Радио Милева
мудри мисли од Јеремиќ

„Маж без пари, не е маж“- Јована Јеремиќ со шокантна изјава повторно ја изненади јавноста (фото)

„Маж без пари, не е маж“-  Јована Јеремиќ со шокантна изјава повторно ја изненади јавноста (фото)

Водителката Јована Јеремиќ не престанува да ја изненадува јавноста со своите изјави.

Одвреме-навреме се појавува  видео клип од емисијата каде во центарот на вниманието е размислувањето на Јована Јеремиќ. Така, Јеремиќ во една емисија проговори за мажите кои немаат пари, па допре и до нивната машкост.

– Првото нешто што ќе го научам моето машко дете е дека мора да има многу пари. Мажот кој нема пари мора итно да ги добие тие пари, или не може да функционира. Маж без пари не е маж. Можеби ќе ме мразат сега поради ова, мразете ме, но не си маж ако немаш пари – рече Јована.

Пред извесно време Јеремиќ ја шокираше јавноста со списокот кој „секој сопруг мора да го исполни“.

– Кога на маж ќе му родиш дете, тој е должен да ти купи Ролекс, стан во центарот на Белград и најнов автомобил. Ако живее во внатрешноста мора да е куќа, ролекс и најнов автомобил. Извини, нека заработи. Мора да ја обезбеди сопругата! рече тогаш Јеремиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јована Јеремиќ

Останати вести од Радио Милева