Радио Милева
Филмски сцени

Маскирани упаднаа во луксузната вила на Сека Алексиќ: Пејачката го прослави роденденот на синот на несекојдневен начин (фото)

Маскирани упаднаа во луксузната вила на Сека Алексиќ: Пејачката го прослави роденденот на синот на несекојдневен начин (фото)

Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ приредија неверојатна прослава по повод роденденот на нивниот син Јаков.

Пејачката имаше необична ситуација кога неколку вооружени мажи облечени во црвени одела слични на оние од серијата „La casa de papel“ упаднале во дворот на нејзината вила, а оружјето секако било само играчки.

Актерите маскирани како хероите од филмот влегоа во дворот и почнаа да трчаат кон малите девојчиња кои со ентузијазам ги пречекаа.

Многумина беа изненадени што целиот двор е во мотивите на серијата „La casa de papel“, бидејќи беше детски роденден, а Сека се потрудила  да направи се на највисоко ниво.

Балони, соба за игри, дури шест големи торти, банкноти, аниматори се само дел од големата прослава.

Но, сепак најголем впечаток остави моментот кога „бандата“ со пластично оружје влегла во дворот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ

Останати вести од Радио Милева