Промотер

Мартинијан Кириловски со награда на „Макфест“ ја овековечи својата – „Вистина“ (ВИДЕО)

Мартинијан Кириловски со награда на „Макфест“ ја овековечи својата – „Вистина“  (ВИДЕО)

На 36-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ се одржа изминатиов викенд во Штип, младиот пејач Мартинијан Кириловски го освои второто место.

Неговата песна „Вистина“ веќе ги освои симпатиите на публиката не само во салата на домот на културата во Штип, и онаа на малите екрани која го следеше ТВ преносот, туку таа наголемо се врти и на радиостаниците, а видеото има бројни прегледи на Јутјуб.

Текстот и музиката се на Ристо Самарџиев, а аранжманот го потпишува Давор Јордановски.

Пресреќен заради наградата, Мартинијан е полн со емоции и впечатоци по заслуженото признание.

„И покрај тоа што знаев дека настапот ќе биде одличен, проследен со силна позитивна енергија, чувствував и доза на одговорност бидејќи се појавувам како победник на Макфест 2019. На секој изведувач му е важно песната да остане, да се слуша и да се запамети. Остануваат да се слушаат само оние песни кои публиката ќе ги избере по завршувањето на фестивалот. Да бидеме искрени, секој очекува успех на фестивалот, но сепак се изненадив од реакциите и позитивните коментари за песната, но и од втората награда на фестивалот која со задоволство ја прифатив. Се надевам дека „Вистина“ ќе биде навистина слушана песна  и дека ќе стане вистински хит“ – истакна младиот пејач во својата изјава.

Инаку песната е снимена и миксана од Давор Јордановски и Валентино Скендеровски кој го потпишува и мастерингот на песната, која е реализирана во неговото музичко студио „Enterprise“.

„Вистина“ е визуелизирана и со видео кое го потпишуваат Никола Павловски и Марко Јовановски ( “Revolution Pictures“ ), а режијата е на Никица Јанковски.

Како звучи и изгледа вицешампионската песна од последниот „Макфест 2021“, проследете во продолжение: