Промотер

Мартина Блажеска ќе ви опише што е тоа љубовен тренд во – „Trending Love“ (ВИДЕО)

Мартина Блажеска ќе ви опише што е тоа љубовен тренд во – „Trending Love“ (ВИДЕО)

Најновата песна на Мартина „Trending Love“ дава живописна слика за модерна љубов во ерата на СМС пораки и onlline состаноци, каде што навидум ништо не е полошо од тоа да бидеме оставени на Seen.

Со носталгичен поп ритам од 90-тите, Мартина како гитаристка и пејачка, ја компонира својата музика и пишува текстови кои се со препознатлив музички инди-поп стил, кој е инспириран од артисти како Holly Humberstone, John Mayer и Coldplay.

Нејзината музика е најдобро се опишува како гитарски инди-поп-фолк. Во 2018 година, Мартина го објави своето деби EP „World on a String“ и ја имаше својата прва европска турнеја.

Мартина Блажеска, млада охриѓанка со блескав музички талент, оформен на престижниот музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студираше гитарска изведба.

Блажеска е македонска пејачка, композиторка и гитаристка, која живее во САД и Германија. Започнала да свири гитара уште на 14-годишна возраст. Веќе на 17-годишна возраст се сели на студии во Лос Анџелес, САД, каде во 2014 година е примена на Музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студирала гитарска изведба.

Настапувала во различни изведби и состави во САД и во Република Македонија. Сега е официјален член на неколку ансамбли: Ibanez Guitars, Laney Amplification и Elixir Strings.

Останати вести од Промотер