Промотер

Мартин Мила процени дека неговиот роденден е како „Создаден“ за нова песна (ЛИРИК ВИДЕО)

Мартин Мила процени дека неговиот роденден е како „Создаден“ за нова песна (ЛИРИК ВИДЕО)

По пауза од 3 години, талентираниот музичар Мартин Мила се враќа со нов сингл наречен „Создаден“.

„Помина многу време, цели три години, па и повеќе откако ви немам напишано допис за нов сингл… Како што би рекле „се заборавивме“. Некои и ми велат: ‘Ајде бе Мартин, кога ќе извадиш некој хит, те снема’. Навистина, ме снема. Долго време и размислував дали веќе вреди да напишам и повторно да се вратам во „музичките води“. Поминав низ многу, многу тежок период кој ми ја потисна и креативноста, а и желбата за многу работи за кои отворено би зборел за да помогнам, верувам, на многу луѓе во денешницата со кој се борат“, вели Мартин.

Додава дека синглот го направиле со неговиот долгогодишен драг пријател и продуцент Гоце Симоновски мината година во ноември, но, пак, некако не почуствувал дека уште тогаш треба да го пушти во етер.

„Но сега е време, на денот кога ми е роденден, а песната се вика „Создаден“. Мислам дека денеска е вистинското време во прилог да ви ја доставам оваа композиција во која за прв пат ја нема мојата позната гитара, туку само чиста емоција и да речеме, еден начин на „исповед“, каде во текстот, верувам, ќе се пронајдат многу луѓе“ – вели Мартин, кој самиот е автор на музиката и стиховите, а песната е снимена, продуцирана и мастерирана во студиото „Супер Нова“ во Тетово.

Слушнете како звучи новата тема на Мартин Мила во моментот како „Создаден“  за  медиумска промоција: