Радио Милева
„риба и на суво“...

Мартија одново покажа дека е „добра партија“: „Малата сирена“ во бикини ги собра „влажните погледи“ и воздишките на машките (ФОТО)

Мартија одново покажа дека е „добра партија“: „Малата сирена“ во бикини ги собра „влажните погледи“ и воздишките на машките (ФОТО)

Некогаш слатка мала, денес млада и талентирана пејачка, Мартија Станојковиќ блесна во  регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвезди“ каде што со својот глас успеа да го освои и жирито и публиката.

Со текот на годините, како напредуваше со возраста, напредуваше и со гласот ама и со стасот, па од слатко мало девојче, Мартија полека прераснува во вистинска убавица.

Постојано  активна на социјалните мрежи,  често знае да ги израдува фановите со разни фотографии, од кои поедини имаат доволна доза на провокација и еротски набој, со кои малечката сирена скокотливо ја бранува машката фантазија.

Особено кога Мартија е соблечена во костим за капење, едноделен или бикини за неа сеедно, иако никако не им е сеедно на оние кои го „листаат“ нејзиниот Инстаграм, како што е случајот и овој пат.

Заплиснати од бран убавина, зачинета со доза на еротска визура, малечката пејачка и овој пат ја истакнала својата извајана фигура во бикини, „накитена“ со доволно бујни облини за да ги собере „влажните машки погледи“ и задоволните насмевки „од уво до уво“… Зашто Мартија одново покажа дека е „риба и на суво“!

Рамен стомак и вита става, пуштена коса во различни костими за капење,  Мартија навистина е „добра партија“ и магнет за младите момчиња кои копнеат по убави, згодни и познати девојчиња, како што е пејачката.

Иако новите фотографии на Мартија се очигледно направени за потребите на рекламна кампања, „малата сирена“ зрачи со својот сексапил кој предизвикува доволна доза на возбуда, па нејзините обожаватели и следбеници не знаат каде попрво да гледаат: во нејзините телесни облини или она што го рекламира – дводелните бикини и едноделните костими… за капење.

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic

 

 

Останати вести од Радио Милева