Радио Милева
жешка за на „жешко столче“

Мартија крена нога за да се пофали со новите чизмички, ама фустанчето кусо, па пејачката покажа малку повеќе од што треба… од нешто друго (ФОТО)

Мартија крена нога за да се пофали со новите чизмички, ама фустанчето кусо, па пејачката покажа малку повеќе од што треба… од нешто друго (ФОТО)

Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ дефинитивно е една од оние кои ќе бидат идните големи ѕвезди кај нас, а со вокалниот и телесниот потенцијал, со малку среќа и добар менџмент, можеби и многу повеќе од тоа – позната и популарна и во регионот.

Повеќе од  јасно е дека малечката кумановка е  уште сега многу барана , па медиумите речиси секојдневно ја третираат, бараат да им гостува, да земат изјава, да направат со неа разговор, да добијат интервју…

Младата пејачка ионака самата по себе е природно убава и згодна, знае како сето тоа да го надополни за да биде  доволно атрактивна, привлечна, сексапилна, заводлива… Неодолива за момчињата од својата генерација, но и за сите останати на кои Мартија и нејзината појава и музика им се допаѓа.

Така беше и овој пат, кога за Водици, додека едни  одеа да скокаат по крстот, други да го гледаат фаќањето во живо или на ТВ, пејачката тргна на едно сосема поинакво место. И тоа не да гледа, туку другите да ја гледаат и слушаат додека таа зборува и тоа седната на „жешко столче“, на кое и прашањата се „жешки“, а одговорите веројатно „скокотливи“ и сето тоа направено свесно, за да биде поинтересно.

Токму затоа, за да изгледа уште позаводливо и повозбудливо, Мартија „се скоцка“ онака како што најчесто знае – доволно провокативно и примамливо, а сепак да не изгледа вулгарно.

На излегување реши да си ги обуе и новите полувисоки, елегантни и модерни чизмички со високи потпетици, од кои пејачката во последно време од дома не излегува, па дури со нив и во кревет легнува…

Ако не друга барем за да се пофали и да се слика!

Токму при таа подготовка пред да излезе, така обуена Мартија ја крена ногата уште еднаш да ја овековечи чизмичката, ама фустанчето кусо, па пејачката покажа малку повеќе од што треба… Не од чизмичките, туку… Ајде, за да не биде кажано онака грубо, младата убавица покажа повеќе од… нешто друго.

За среќа хулахопките со шав, црни во тон со долната облека, па како што вели и песната: „Црно, па не се гледа“… Само се наѕира и наговестува!?

Е сега, друго прашање е дали е случајно или намерно? Провокативните една – две пози веројатно усликани „несакајќи“, а на приказните од сопствениот Инстаграм ставени апсолутно со намера… Да се изрекламираат чизмичките, се разбира!

Случајно или намерно – сеедно, излезе дека Мартија во старт со „жешка провокација“ тргна да ја загрее публиката,  уште и пред да седне на „жешкото столче“.

Дали „ќе гори“ во своите одговори…? Почекајте да ја слушнете и видите!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic

Останати вести од Радио Милева