Радио Милева
актерски води

Марјана Станојковска ќе се појави во новата сезона на серијата „Преспав“ – еве која улога ќе ја има (фото)

Марјана Станојковска ќе се појави во новата сезона на серијата „Преспав“ – еве која улога ќе ја има (фото)

Неодамна започнаа снимањето на шестата сезона на најгледаната македонска серија „Преспав“.

Актерската екипа, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Дритон Вејсели, Игор Џамбазов, Адриан Азири, повторно се собра на сет и започнаа со снимања на новите епизоди кои во декември ќе започнат  да се емитуваат на МРТВ.

Меѓутоа, освен актуелните актери, во една од епизодите во серијата ќе се појави и една наша македонска водителка.

Имено, станува збор за Марјана Станојковска. Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од студиото и ги праша следбениците каде се наоѓа.

„Погодете каде сум на снимање?“, напиша Станојковска.

Поголемиот број од нејзините следбеници одговорија дека е во „Преспав“, а Марјана откри дека тоа е точниот одговор.

 

Водителката снимаше и дел од атмосферата и како изгледа пансионот во шестата сезона.

Марјана откри дека во „Преспав“ ќе има улога на репотерка.

Со оглед на тоа што долго време е пред ТВ екраните и има искуство, сигурно одлично се снашла во оваа улога.

Инаку, ова не  е првпат Марјана да се појави во „Преспав“. Таа и претходно беше дел од актерската екипа и ја имаше улогата на новинарка.

За потсетување, Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.

фото: принтскрин/инстаграм/марјана станојковсска

Останати вести од Радио Милева