Радио Милева
уште една борба

Марина Туцаковиќ е позитивна на корона и е приклучена на кислород: Се огласи нејзиниот син и откри каква е нејзината здравствена состојба

Марина Туцаковиќ е позитивна на корона и е приклучена на кислород: Се огласи нејзиниот син и откри каква е нејзината здравствена состојба

На Марина Туцаковиќ во текот на вчерашниот ден (14.09.2021) и се влошила здравствената состојба поради што нејзиниот син преку Твитер побара помаш потенцирајќи дека неговата мајка не може да диши.

Тој за српските медиуми потврди дека Марина е позитивна на коронавирус.

Таа се наоѓа во една приватна болница и е приклучена на кислородна поддршка. Како што велат докторите нејзината здравствена состојба не е загрозена и изгледа наскоро ќе оздрави.

Се огласи и синот на Марина и откри како се чувствува.

„Мајка ми имаше гушање и ми кажа дека мисли дека ќе умре. Се јавив во Брза помош каде што работи наша болничарка, но таа не можеше да дојде. Таа ме упати кај патронажната служба која ми кажа да се јавам околу 14 и 14 и 30 бидејќи пред тоа не може да дојдат. Тогаш ја преземав работата во свои раце. Во тоа лудило и од страв мајка ми да не почине, напишав Твит со цел што побрзо дома да дојде некое медицинско лице. Брзо пристигнаа и ја дадоа потребната терапија“, вели синот на Марина и додава:

„Таа со денови не се чувствува добро. Лошо и годеше последната хемотерапија, има само 45 килограми. Требаше да оди на зрачење, но е слаба за тој вид на лекување“, вели синот на Туцаковиќ.

Инаку,  Туцаковиќ веќе неколку години се бори со опасната болест, па речиси не се појавуваше многу во јавност. Последен пат беше видена на промоција на албумот на Сузана Јовановиќ.

фото: курир/дамир дервишагиќ

Останати вести од Радио Милева