Радио Милева
нема назад

Марина Гагиќ реши да му го направи животот „пекол“ на Дарко Лазиќ: „Со него нема договор, ќе одиме на суд“! (ФОТО)

Марина Гагиќ реши да му го направи животот „пекол“ на Дарко Лазиќ: „Со него нема договор, ќе одиме на суд“! (ФОТО)

Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, се пресели кај нејзините родители по раскинувањето со пејачот, а неодамна се шпекулираше дека применува посебна тактика да се смири со пејачката.

Исто така се зборуаше  дека таа сè уште го сака, но и дека тој ја одбивал кога сакала да ги “испегла“ работите, а Марина сега се огласи и стави крај на ваквите шпекулации, откривајќи дека ќе одат на суд.

„Секако дека не е точно дека се обидувам да се смирам со Дарко. Јас сум таа што стави крај на нашата врска. Реално, зошто би се обидувала  да се смирам со него? Мислам дека тој потајно се надева на смирување, не е напорен, но ништо посебно не се обидува. Ми испраќа пораки и тоа е тоа, но јас ставив крај на тоа и нема начин како да се смириме “, рече Марина.

Исто така се пишуваше дека Дарко наводно има нова девојка, пејачката Барбара Бобак, која рече оти мајката на Дарко изјавила дека таа е поубава од онаа Гагиќ.

 

„Тој ми рече дека нема девојка и не знам што навистина е вистина. Му посакувам се најдобро. Колку што знам, тој нема девојка, не би ми испраќал ми пораки ако имаше? Можеби таа му е само колешка“, рече Марина, и додаде:

„Дали е убавината сè? Па, нека биде поубава. Не мислам дека убавината е важна, јас бев со Дарко дури и кога тој тежеше 160 килограми. Можеби сега доби самодоверба, но што се однесува до мене, не е сè во убавината“.

Како што вели, има коректна комуникација со Дарко во врдка со нивниот син, но сепак не успеале да се договорат за некои работи.

 

„Јас секогаш ќе му го дадам синот на Дарко, никогаш нема да го спречам да го гледа. Но, не можам да му се јавам и да му кажам да дојде и да го види детето. И да, ќе одиме на суд, не можеме да се согласиме. Кога и да се договорам нешто со Дарко,  на крај никогаш неизлегува така како што е договорот. Така што, судот ќе пресече и ќе биде така“, искрена е Гагиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial/gagic_marina

Останати вести од Радио Милева