Радио Милева
ги насмеа сите

Марија Шерифовиќ топи килограми во теретана и се пожали -„ Многу ми е тешко“ (фото)

Марија Шерифовиќ топи килограми во теретана и се пожали -„ Многу ми е тешко“ (фото)

Пејачката Марија Шерифовиќ реши да се посвети на својот изглед, па откри дека тренира трет ден.

Отсекогаш отворено зборувала за борбата со килограмите и познато е дека тренинзите и паѓаат напорно.

Марија не сподели фотографија од теретана, но затоа има кратка снимка на нејзината приказна каде гледаме дека останува без здив додека пие вода од големо шише.

– Тренинг. Трет ден! – напиша Марија на Инстаграм, а се пошегува со себе бидејќи толку многу издржа:

– Доаѓа крајот на светот.

Да потсетиме, Марија неодамна откри дека ослабела 5 килограми, а дека би сакала уште толку.

– Ослабев пет килограми, но уште толку ми треба за да ослабам, или можеби и седум. За да можам повторно да јадам. Јадам нормално, но точно е дека ми недостига и дека ми е многу тешко. Време е да го ставам моето тело во целосна функција и да се подготвам за нов албум, турнеи и работа.

Фото:Принтскрин/Интаграм/Марија Шерифовиќ/О.Буниќ

Останати вести од Радио Милева