Радио Милева
за малку наместо селфи - тупаница

Марија Шерифовиќ раскажа необична случка со една обожавателка: „Си помислив дали да и ја бапнам една в лице или да премолчам…?“ (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ раскажа необична случка со една обожавателка: „Си помислив дали да и ја бапнам една в лице или да премолчам…?“ (ВИДЕО)

Пејачката Марија Шерифовиќ одговараше на прашањата на обожавателите и раскажа каква случка доживеала со една обожавателка пред некој ден.
Имено, обожавателката посакала да се слика со пејачката, но не и беше гајле што Марија во тој момент ручала во една пицерија со пријателот.

„Јас и Милош седиме и ручаме  пица. Жената доаѓа и сака да се фотографира. „Ако баш мора, бидејќи џвакам“ – и велам…  Жената дојде и си седна до мене.

„Седам вака јас со раката потпрена на брадата, а жената мртва ладна ми вели дека треба да ја тргнам таа рака за да сум се видела убаво“- раскажа Марија и додаде:

„Ја гледам јас сега вака и си мислам дали да и ја ‘бапнам’ една в лице или да си премолчам“ – раскажува Марија во видеото на својот Јутјуб канал, кое можете да го погледнете во продолжение:

Останати вести од Радио Милева