Радио Милева
блажена...

Марија Петровска е бремена: Некогашната новинарка и водителка на „Бекстејџ“ за прв пат ќе стане мајка (ФОТО)

Марија Петровска е бремена: Некогашната новинарка и  водителка на „Бекстејџ“ за прв пат ќе стане мајка (ФОТО)

Деновиве најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“ со гламурозна прослава го одбележа своето 15-годишно постоење. Низ тимот кој ги создава и презентира естрадните „приказни од зад сцената“, за неговата деценија и пол постоење минале многу постави.

 

Една од оние која најмногу се памети е секако онаа првата, која го кршеше мразот и пробиваше патото кон успехот на „магазинот од зад сцената“ кој треа цела деценија и пол. Во неа една половина од ударниот новинарско-репортерски и водителски тандем беше Марија Петровска. Таа за жал на прославата не се појави од многу оправдани причини, зашто некогаш многу популарната Маца веќе со години не живее во Македонија.

Но, затоа она што се појави како фотографија која осамна на нејзиниот Инстаграм покажа нешто што израдува многумина кои ја познаваат. Зашто некогашната „Бекстејџ“ новинарка и водителка објави фотографија кој покажува дека е бремена. Марија споделила фотографија на која е во женско друштво, а на истата иако е во црно долг фустан, убаво се гледа баеги нараснатото трудничко стомаче на македонската убавица со словенечка адреса на живеење.

Имено, Марија сега живее во Словенија, на релација Марибор-Цеље и се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република, каде живее со својот избраник, Михаел Сказа.

По неколку години заедничко живеење, Маца обзнани дека е бремена. Според фотографиите, некаде е во фаза на нешто повеќе од половина од бременоста, но полот на бебето, ниту пак потенцијалното име се уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини.

Во Македонија не доаѓа пречесто, иако татковината не ја заборавила. Посетите најчесто се или за божиќните празници или на лето, кога ги посетува родното Тетово и семејството, но не ги заборава ниту старите другари и најблиските пријатели.

Особено не оние, со кои со години соработуваше во екипата на „ТВ магазинот од зад сцената“, како и Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ на кој Маца беше во неколку наврати водителка, па дури и специјално доаѓаше од Словенија за како главен домаќин на вечерта, да застане на сцената.

Како и во најдобрите денови, кога шармантната тетовка беше дамата која ги газеше и плочниците на македонските кафулиња и подиумите на ноќните клубови и ледината на најголемите музички фестивали како „Зигет“ во Будимпешта или калдрмата на Петроварадинската тврдина на „Егзит“ во Нови Сад и црвениот ќилим на Манаки“ во Битола или оној на  „Филмскиот фестивал“ во Кан… Едноставно Маца секојдневно ја имаше насекаде, а најмногу на ТВ екраните во секое ново издание на „Бекстејџ“, само од различна локација, случка, настан, концерт, манифестација, фестивал…  и со различни соговорници.

Сега Маца е пред нов животен предизвик да стане мајка, да се оствари себеси за прв пат како родител… Како круна во животот исполнет со успешна професионална кариера! Зашто да си познат, популарен, славен, да те има секој ден на телевизија, сите да те познаваат, навистина годи…

Но, да си родител, особено мајка и тоа за прв пат, е единственото чувство, кое ништо не може да го замени! Впрочем, не попусто се вели: „Една е мајка“!

Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska

 

Останати вести од Радио Милева