Промотер

Марија Каева со песна ви посакува – „Добро утро“ (ВИДЕО)

Марија Каева со песна ви посакува – „Добро утро“ (ВИДЕО)

Пејачката и радиоводителка Марија Каева која публиката своевремено најмногу ја памети по нејзината песна „Фројд е жив“,  по подолго време повторно се појавува на музичката сцена со ново парче музика и видеоспот. Како што објави таа „Добро утро“, е една од осумте нумери кои ќе бидат издадени како албум, што е работен со Владан Дробицки.

Текстот се на Марија Каева, како и музиката која ја компонирала заедно со Илин Дробицки кој го потпишува и аранжманот на песната. Музичката продукција е дело на Владан Дробоцки!

„Во изминативе осум месеци со Владан Дробицки работевме на осум песни кои наскоро ќе бидат издадени како албум. Ова е првиот сингл на кој ни гостува тринаесет годишниот автор Илин Дробицки кој ме однесе во еден поинаков музички свет и ме инспирираше да се надоврзам вокално на една негова песна во која се чини времето тече сосема поинаку“ вели Каева.

Видео спотот го изработил Мирко Попов, во продукција на ПМГ рекордс а обвивката на синглот е на Виолета Качакова.