Радио Милева
доминираше

Марија Груевска не престанува да изненадува: Битолчанката повторно во впечатливо издание во „Ѕвездите на Гранд“

Марија Груевска не престанува да изненадува: Битолчанката повторно во впечатливо издание во „Ѕвездите на Гранд“
фото: принтскрин/инстаграм/марија груевска

Битолчанката Марија Груевска можеби оваа сезона е најголемото изненадување во „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, уште со првото појавување на сцената, Груевска со својот оригинален и уникатен настап остави силен впечаток кај жирито, а Јелена Карлеуша ја нарече македонска Лејди Гага.

Од емисија во емисија, Марија има различни модни комбинации и различен изглед, а и со своето пеење не го остава жирито рамнодушно.

Во последната емисија, пејачката на сцената на „Гранд“ се појави со змија која и шеташе по телото додека Груевска пееше.

Меѓутоа, со најновиот стајлинг во музичкото шоу Груевска се надмина себеси. Имено, за новата емисија која ќе се емитува во сабота, македонската кандидатка одбра повторно доминираше.

Овој пат, таа се појави во впечатливо издание инспирирано од венецијанскиот карневал. На облеката имаше сошиено маски, а една од нив ќе носи за време на настапот.

фото: инстаграм/звезде_гранда_2021

Како Груевска ќе се претстави и дали ќе влезе во полуфиналето останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева