Промотер

Марија Цветановска македонската забавно-музичка сцена ја обои во нова боја со фестивалската балада – „Засекогаш твоја“ (ВИДЕО)

Марија Цветановска македонската забавно-музичка сцена ја обои во нова боја со фестивалската балада – „Засекогаш твоја“ (ВИДЕО)

Марија Цветановска има 18 год и доаѓа од Битола. Со пеење се занимавам од  свои 8 години. Годинава ја  започнувава и својата соработка со познатиот композитор Григор Копров, кој воедно е автор на нејзината нова песна „Засекогаш твоја“.

Песната беше создадена за потребите на настапот на марија на фестивалот „Охрид Фест 2022“ на кој  оваа млада пејачка ја добива и наградата за најдобра интерпретација. На музиката од Григор Копров, аранжман на песната направил  Владимир Дојчиновски Дојчин, а текст го напишал на Огнен Неделковски… Се’ на се’  екипа познати, признати и проверени мајстори на својот занает што  направија оваа песна во старт да биде гарантиран хит.

Периодов беше снимен и спотот за ,„Засекогаш твоја“ кој го реализирал Виктор Апостоловски, а дрон камерата ја управувал  Саше Богоевски, додека машката главна улога во видеото ја има Симеон Тасев.

Спотот е снимен на повеќе локации во околината на Битола, ресен и Преспа, а официјално беше промовиран деновиве на Јутјуб.

„Благодарност до целиот тим кој стои позади овој голем проект, се надевам песната ќе добие добри критики и ќе биде прифатена од јавноста, а очекувајте уште многу нови проекти и добри хитови“ – порачува Марија информирајќи дека веќе следниот викенд ќе настапува и на најреномираниот македонски фестивал на забавна музика „макфест 2022“ во Штип.

Во меѓувреме проследете ја визуелизацијата на песната од „Охрид фест 2022“ на Марија Цветановска, насловена „Засекогаш твоја“ (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер