Вистаграм

Маникир во есенски бои

Маникир во есенски бои

Боите на есента нема да ги носиме само на облеката и на модните додатоци, со нив можеме да ги обоиме и ноктите и да постигнеме есенски маникир. Уредните и чисти нокти секогаш се во мода, но убаво е да ги разубавите дополнително со боја. Без разлика дали преферирате посета на манирир или можеби сами ги средувате ноктите, проследете ги идеи за боја на лакови и детали инспирирани од есента.

Есенската колор палета ги содржи топлите нијанси на портокалова, кафена, жолта, зелена, златна, па дури и потемна боја како бордо. Дополнително на ноктите може да се нанесат и акценти кои асоцираат на ова годишно доба, како насликан лист. Ноктите можат да бидат обоени во една боја, или пак да користите неколку различни нијанси.