Радио Милева
Среќата е во малите нешта

Мама и Сара во новогодишна честитка како од бајка: Водителката Александра и наследничката ја заокружуваат годината со магичен фото спомен (фото)

Мама и Сара во новогодишна честитка како од бајка: Водителката Александра и наследничката ја заокружуваат годината со магичен фото спомен (фото)

Крајот на месец декември е резервиран за заокружување на годината, сумирање на впечатоците и извлекување на заклучоци од искуствата на убавите, но и не така добрите нешта.

Тука се декорациите, елките, новогодишните фотосесии и се’ останато за ширање на позитивни празнични вибрации.

За ТВ водителката Александра Пановска Илиевска ова ќе биде втора година по ред како ја дочекува откако стана мајка на ќеркичката Сара која во месец јануари ќе наполни две години.

Тие веќе се во празнично расположение, па во тој дух направија и специјална новогодишна фотосесија на која мама и Сара се како од разгледница.

Облечени во сличен стајлинг, малечката седната на клупичка, а мама клекната до неа зрачи од среќа со широката насмевка.

-Среќата е во малите нешта, никогаш не го заборавајте тоа, наведува Александра која веруваме дека на бројните следбеници им беше мотивација за направат сличен фото спомен за крајот на старата и почеток на Новата Година.

фото:Инстаграм/Александра Илиевска

Останати вести од Радио Милева