Радио Милева
слатка(рска) „гранд“ љубов

Малкумина знаат дека оваа бивша „Ѕвезда на Гранд“ и бил прво момче на Милица Тодоровиќ! (ФОТО+ВИДЕО)

Малкумина знаат дека оваа бивша „Ѕвезда на Гранд“ и бил прво момче на Милица Тодоровиќ! (ФОТО+ВИДЕО)

Првата врска на пејачката Милица Тодоровиќ (30) за пошироката јавност беше обзнанета по романсата со Раде Ковачевиќ, братот на пејачот Саша Ковачевиќ.

Сепак, малкумина знаат дека популарната пејачка сакаше еден од нејзините колеги, Ненад Јовановиќ од Белград, со кого заедно се прославија во „Ѕвездите на Гранд“.

Ненад, исто како и Милица, стана популарен по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а набргу по завршувањето на втората сезона, влезе во романса со убавата колешка. Иако на почетокот на познанството тие негувале само  пријателство, подоцна меѓу нив се родила љубов.

Ненад ибеше голема поддршка за Милица по победата во популарниот натпревар, но по четири години врска, љубовната романса на фолк двојката се распадна.

По раскинувањето, Ненад се повлече од јавната сцена и денес живее мирен семеен живот. Тој се’ уште се занимава со музика и пеење, но не се експонира јавно така често како Милица.

Во 2014 година, тој стапна на „лудиот камен“, па набргу откако се ожени и доби син, кој, како и неговиот татко, велат има талент за музика.

Во 2020 година Ненад, исто така, започна приватен бизнис со својата животна избраничка, со која отворија слаткарница во срцето на Белград.

Останати вести од Радио Милева