Пејачката Емина Јаховиќ е многу врзана за синовите Јаман и Јавуз, кои ги имаше во брак со колегата Мустафа Сандал.
Синовите на Емина Јаховиќ останаа со мајка си откако таа се разведе од поранешниот сопруг пред пет години, а сега покажа како го прославила 11-тиот роденден на Јавуз.
– Моето се, мојата безусловна љубов! Најдобриот син, најдобриот помлад брат, најдобриот братучед, најдобриот пријател! Господ да те благослови Јавушка! – напиша Емина на англиски на социјалните мрежи.
На фотографиите кои ги сподели со своите фанови, гледаме мала торта, миленик, цвеќиња, а Емина во прегратка со своите наследници, со што ги воодушеви сите оние кои ја следат.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.