Мегафон
фестивал

„Макфест 2021“ на 17-ти и 18-ти септември: Ова е списокот на учесниците

„Макфест 2021“ на 17-ти и 18-ти септември: Ова е списокот на учесниците

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ и годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи. Оваа година дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт и тоа на 17-ти и 18-ти септември.

На првата фестивалска вечер ќе се претстават 12 изведувачи.

Следната вечер се предвидени 14 нови композиции а ќе се изведат и 5-те најдобро пласирани нумери од првата фестивалска вечер.

Публиката во шоу програмата првата вечер ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, додека втората вечер ќе настапат Дац и Александар Митевски.