Промотер

Македонско-словенечкиот бенд „Rush to relax“ ви ja претставувa – „Down There Sessions“ (ВИДЕО)

Македонско-словенечкиот бенд „Rush to relax“ ви ja претставувa – „Down There Sessions“ (ВИДЕО)

Македонско-словенечкиот бенд „Rush to Relax“ го претстави „Down There Sessions“.

„Rush to Relax“ не е ново име за љубителите на инди звукот, а тие се претставија пред пошироката публика на компилацијата „It Didn’t Happen“ која излезе на крајот на првата пандемиска година – 2020.

Овој соло проект го започна Дамјан Маневски (познат и од љубљанскиот бенд „Лелее“) на почетокот на 2019 година, но во меѓувреме „проектот“ прерасна во солиден квартет, со неколку други музичари од независната сцена на Љубљана.

Во форма на бенд, „Rush to Relax“ редовно свири во регионот, па по кратката балканска турнеја во септември 2021 година, за време на која бендот одржа неколку концерти на релација Љубљана-Битола, бендот застана во Нов Белград на снимање на овој проект.

Во оваа сесија, бендот свири неколку песни од нивниот деби албум „Rush to Relax: mekani“ како „Уште еден дечко“, „Не би чекал“ и „ Пак ќе бегам“, преработка на песната „Македонија“ на групата „Time“, но и сè уште необјавената „Во вителот на животот“, која настана за време на концертните подготовки на оваа новоформирана бендовска формација.

Тие вредно се подготвуваат за концертната сезона во 2022 година, при што ќе издадат нов албум.

Сегашната постава на „Rush to Relax“ ја сочинуваат Дамјан Маневски – вокал и гитара, Јан Чижеј – бас гитара / гитара, Ерик Керпан – гитара / бас гитара и Васја Ониќ – тапани.