Радио Милева
се' или нешто?

Македонските јавни личности во дилема: Пари или моќ… Или можеби обете одат заедно? (ВИДЕО)

Македонските јавни личности во дилема: Пари или моќ… Или можеби обете одат заедно? (ВИДЕО)

Луѓето најчесто се однесуваат според некои зададени и поставени норми. Но дали е тоа вистинското лице, вистинскиот карактер на секоја личност? Велат, стави го човек во одредена ситуација и тој ќе го покаже карактерот, ќе се открие каков е навистина. Дај му слава, моќ, позиција, пари… и ќе му го видиш паметот. Дали е тоа тој  што го познаваш или можеби бил мајстор на мимикријата, „волк во јарешка кожа“, како што вели една стара поговорка. Но во сето ова стои и констатацијата дека луѓето кога ќе почувствуваат слава, моќ, пари… се менуваат!

Но, што ако сте веќе славни или барем доволно познати, а немате баш многу пари ниту моќ, не барем како некои други од соседството или светот, како што е случајот на пример со нашите естрадни, спортски, актерски, водителски, манекенски… ѕвезди, односно јавните личности воопшто.

Македонија е „примамлива сцена“, но мал пазар… Конкуренцијата е огромна, зашто неа ја прават и нашите и оние ѕвезди кои доаѓаат однадвор, а финансиската моќ на народот е таква каква што е… Па, пари нема за сите, или поточно, добра заработка  има само за оние – најголемите, а тие најчесто доаѓаат однадвор! Или како што некој рече: „Мала бара, ама полна крокодили…“!

Но, што ако ви се понуди можност за дебела заработка или голема моќ? Што ќе одберете? Кое добро? Или кое од „двете зла“? Помалото? Се’ или нешто? – прашање е сега, а било и секогаш!

Токму на оваа тема, куса анкета меѓу македонските јавни личности направи најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, за да видиме како размислуваат познатите, кој предизвик би го прифатиле, со кое искушение попрво би се соочиле: Голема моќ или многу пари?

Погледенете и слушнете ги нивните размислувања, констатации, одговори… во видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева