Радио Милева
честитки

Македонскиот миленик на Марија Шерифовиќ, Огнен Здравкоски славеше роденден – еве колку наполни (фото)

Македонскиот миленик на Марија Шерифовиќ, Огнен Здравкоски славеше роденден – еве колку наполни (фото)

Maкедонскиот млад пејач Огнен Здравкоски на јавноста и стана познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Огнен беше под менторство на Марија Шерифовиќ, а таа во една прилика истакна дека тој е нејзиниот омилен машки кандидат.

Здравкоски е активен на социјалните мрежи, па секогаш кога има нешто ново го споделува со своите следбеници, често знае да сподели „Инстаграм стори“ и да покаже каде е и што прави, да сподели музички новитети….

Овој пат, на денот на независнот на Македонија односно на 8ми септември, македонскиот пејач славеше роденден.

По тој повод, на негова адреса пристигнаа честитки од неговите колеги, пријатели, фанови, следбеници.

Огнен на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од него и од роденската торта која беш украсена со музички елементи, а во описот напиша „24“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski)

Под објавата неговите следбеници и колеги упатија честитки и убави желби за неговиот роденден.

Среќен роденден.

фото: инстаграм/огнен здравкоски/принтскрин/јутуб

Останати вести од Радио Милева