Живот и Стил

Македонски прекари: Најчудните, најнеобичните и најсмешните се во Битола

Македонски прекари: Најчудните, најнеобичните и најсмешните се во Битола

Луѓето во целиот свет имаат име и презиме. Она официјалното, но во многу земји, многумина повеќе и подобро ги знаат по прекарот отколку по вистинското име. Од славни и познати фудбалери како  бразилските ѕвезди, преку познатите светски поп-рок музичари и пејачи, големите холивудски актери, па се’ до домашните јавни личнисто или обичните луѓе… наши роднини, пријатели, другари, соседи… Од семејството, од училиште, факултет, од работа, од маало…! Од  Пеле, Иги Поп и Рамбо… по светот,  па се’ до „Миле Паника“ и „Тошо Малерот“, кај нас на пример…

Во Македонија во секој град луѓето си имаат свои специфични прекари, но сепак град во кој се смета дека луѓето имаат најмногу, најчудни, најсмешни и најнеобични прекари, велат дека е Битола. Најмногу и најкреативни… Од нив повеќето – логички изведени. Еве некои од најнеобичните:

Го викале…

Раде – „Фебруар“, затоа што едната рака му била покуса.

Ѓоше – „Алфата“, затоа што често пати излегувало дека е расипан човек.

Трајче – „Мутето“, затоа што потекнувал од глувонемо семејство.

Саше – „Сантимо“ – оти бил висок 1,99 центиметри, односно еден „сантим“ му фалел до 2 метра.

Бубе – „Буше“, оти ги чепкал бушоните и снемало струја во цело училиште.

Филип – „Филџано“ – зашто немал едно уво и бил во главата ко филџан.

Цане – „Цунибаба“ – бидејќи сакал да се забавува со постари дами.

Петре  – „ПИ“ – затоа што го фатила полиција да вози со 3,14 промили алкохол во крвта.

Раде – „Распусто“ – бидејќи бил роден на 10-ти јуни, кога училиштата се распуштаат.

Лазо – Лагата – оти имал куси нозе.

Ристе – Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи.

Славе – Свиоко – живеел на некоја кривина!

Никола – Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Ќошо – оти Ивица се вика.

Кире – Купусо – оти љубел некоја дебела – ко каца.

Иле – Индексо – единствен во друштвотo со факултет.

Диме – Децималнио – зашто не бил баш „точен“ со умот.

Коле – Казанова – оти како нов казан бил во главата.

Џони Walker – Австралијанецот што го вртел „Широк Сокак“ по 20-30 пати во денот за да си најде жена.

Пеце – Поштенио – оти живеел до поштата.

Коце – Коцката – Оти многу бил по коцкањето.

Списокот на битолски прекари е бесконечно долг, ова беше само мал дел од нив…!