Промотер

Македонски ѕвезди за крај на насилството врз жени и девојчиња со своја верзија на – „Очи црни“ (ВИДЕО)

Македонски ѕвезди за крај на насилството врз жени и девојчиња со своја верзија на – „Очи црни“ (ВИДЕО)

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое  Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“

Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажува последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаите на домашно насилство каде најголем број од жртвите се жени.

Во рамки на кампањата, одекнуваат моќно гласовите на македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во песната „Очи црни“.

Аранжманот е на Џијан Емин, а препевот на песната го направиле Диме Поповски и Васиа Поповска, песна со која македонските музички ѕвезди сакаат да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да пеат, да бараат, да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!

Останати вести од Промотер