Радио Милева
Инстаграм за стројник

Македонската водителка во „маркетинг акција… за мажење“: Јелена Спенџарска во улога на „очајна домаќинка“ или добра прилика? (ВИДЕО)

Македонската водителка во „маркетинг акција… за мажење“: Јелена Спенџарска во улога на „очајна домаќинка“ или добра прилика? (ВИДЕО)

Одамна старите рекле: „Добриот глас надалеку се слуша“… Ама добрата реклама, па уште ако е на Инстаграм, кај илјадници и се гледа и се слуша, а Бога ми може и да усреќи некоја „осамена душа“!

Инстаграмот го користат сите, тоа е барем позната ситуација.  За разни нешта, меѓудругото и за сопствена промоција. Меѓу нив секако и познатите фаци и јавните личности. Од оние естрадните, спортските, до политичките и телевизиските. Исклучок не е ТВ водителката на утринската програма на Канал 5, беровчанката со скопска адреса на живеење, Јелена Спенџарска.

Овој пат таа својот профил на познатата социјална мрежа не го исползува за инфлуенсертво и реклама на одредени производи или услуги, туку за сопствена „маркетинг акција… за мажење“?!

Не дека Спенџарска и досега немала прилики, с’краја да е… Висока, стројна, здрава, права, згодна, неопходна, башка и медиумски експонирана и позната, водителката можеше и до сега да застане на „лудиот камен“, само, изгледа не дошол денот…

До душа, имала понуди, некои дури и јавно искажани. Како онаа на „до уши“ во неа вљубениот овчар од с. Пухче, Марјан Трајчев кој не се срамеше јавно да ја побара за жена, ама… Јелена држејќи се до „стандардите“, се’ уште е мома… за мажење!

А кога си кандидат за невеста, не можеш да изигруваш по дома дама, па затоа Спенџарска се досети како се прави реклама која сигурно ќе допре до многумина, исто така кандидати за женидба.

Кога момчето ќе ти побара нешто да му пратиш, „за мама да те види“, ти биди итра како Јелена, па прати му реклама. Како умееш добро да пеглаш…

…А, Бога ми и переш, ако треба и на рака…

…Уште подобро да чистиш…

…Колку си вредна во кујната со крпата в рака… Па да видиш дали „мама му“ нема да те сака и посака за снашка!

Или сума сумарум кажано: Водителката нема проблем да биде во улога на „очајна домаќинка“ во акција, за идната свекрва да види колку е добра прилика? Единствено проблем на Спенџарска и е… Уште да си најде момче… Со Инстаграм и мајка што ги следи социјалните мрежи!

Фото: Инстаграм принтскрин/jelenaspendzarska

Останати вести од Радио Милева