Радио Милева
брендирано задоволство

Македонската поп дива доби необичен роденденски подарок: „Што правиш…? Еве лежам на Калиопи“! (ВИДЕО)

Македонската поп дива доби необичен роденденски подарок: „Што правиш…? Еве лежам на Калиопи“! (ВИДЕО)

Македонската поп дива Калиопи Букле е една од оние која  на само неколку дена пред Нова Година секоја година го слави својот роденден! Оддамна сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, но затоа им се бројат честитките, поздравите, желбите… а Бога ми и подароците. А нив и годинава ги имаше.

Честитките, желбите и поздравите од драгите луѓе или барем дел од нив, Калиопи сподели на своите Инстаграм приказни, па можевме да ги видиме, а што се однесува до подароците…Од нив видовме само еден, ама вреден!

Или поточно речено, широк, мек, удобен и комотен… А над се уште и брендиран. Или што би рекле, крстен однапред и тоа случајно или намерно по нејзиното име.

Имено, Калиопи токму за или ден по роденденот, дочека да го добие она што оддамна го очекуваше, а така и недостасуваше. Роденденско изненадување кое е грев да се премолчи, па затоа поп дивата реши да го обзнани и самата да се пофали на своите Инстаграм страници.

„Покрај сите убави роденденски изненадувања и убавини, пристигна и мојот нов кревет и душек на almero.mattress! Конечно, удобност и мирен сон! А за врвниот квалитет на ‘Алмеро’ не мора многу да се зборува , бидејќи самата врвна изработка на нивните производи говори повеќе од сѐ! И повторно, како дете , им се радувам на малите големи нешта, но најмногу на здравиот сон и удобност!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Каков е душекот ќе ја прашаме пејачката после празниците, откако ќе почекаме прво да го сефтоса… Со здрав сон, секако, а зошто да не и… некако понаку? Со гледање телевизија, читање добра книга или… што и да е, што ќе и причини врвно задоволство!

„Она што не дознавме е дали името на брендот случајно се поклопило со нејзиното име, или е навистина насловен по неа? И дали е уникат изработен со логото специјално само за поп дивата или едноставно брендот така се вика, па може секој од нас да си го набави?

За кога ќе ве прашаат на пример: „Еј, каде си што правиш?“, комотно да можете да им одговорите: „Еве ме дома, лежам на… Калиопи“!

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

Останати вести од Радио Милева