Радио Милева
Штркот доаѓа

Македонската пејачка неодамна му кажа „да“ на саканиот, а сега покажа и дека ќе стане мајка (фото)

Македонската пејачка неодамна му кажа „да“ на саканиот, а сега покажа и дека ќе стане мајка (фото)

Пејачката која стана позната на јавноста по своето појавување во музичкото шоу „Македонски идол“, кавадарчанката Александра Михова, наскоро ќе стане мајка за првпат.

Таа го покажа нараснатото трудничко стомаче од кое се гледа дека штркот наскоро ќе слета.

Во месец март годинава Александра му кажа „да“ на својот сакан Михајло, а запросувањето се случи во Палермо – Италија.

Брачната двојка сега очекува уште повозбудливи моменти…

Деновиве идната невеста правеше и моминска забава со другарките, па вреојатно и свадбената веселба ќе биде наскоро.

Идната мама засега не го открива полот на бебенцето, па изгледа таа возбуда од исчекувањето ја чува само за себе и најблиските.

Инаку, Александра ја паметиме по учеството во „Македонски Идол“, а својата музичка кариера продолжи да ја гради со свои песни и спотови, учество на домашните фестивали за забавна мелодија, а не ги искучи ниту настапите.

фото:фејсбук/александра михова/ Efremov Photography

Останати вести од Радио Милева