Радио Милева
комплетна фасцинација

Македонската пејачка фасцинираше во секој поглед и со пеење и со изглед: Антониа Гиговска на ТВ Пинк и го „украде шоуто“ на водителката Јована (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка фасцинираше во секој поглед и со пеење и со изглед: Антониа Гиговска на ТВ Пинк и го „украде шоуто“ на водителката Јована (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка Антониа Гиговска полека тргна да ја освојува сцената и преку граница. Таа деновиве беше гостинка на неколку од најгледаните телевизии во соседна Србија, каде Антониа ги фасцинираше и домаќините и гледачите во секој поглед. Од својот стајлинг, преку пеењето, однесувањето, па се до својот изглед.

Едноставно македонската пејачка ги плени и остави без зборови своите домаќини и на ТВ Пинк и на националната РТС, каде гостуваше во нивната утринска програма  и емисијата „Шареница“.

Не дека ним таа не им е позната од порано, зашто ако се сеќевате Антониа растури уште во „Пинковите ѕвезди(чки)“, па се појави и на доделувањето на „МАЦ наградите“, но овој пат многу позрела и послободна и попуштена, едноставно доминираше во програмата.

На нејзиното пеење во живо, во анплагд изведба, само со акустична гитара и вокал, не остана рамнодушна ниту познатата водителка на утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ. Кога нашата пејачка ја запеа песната од Тоше, „Чувај ја од зло“ на српски, водителката не можеше да остане мирна, зашто интерпретацијата и ја погоди емоцијата, па Јована заедно со Антониа запеа, ама и заигра во водителската столица.

Впрочем пееше целото студио, сосе сите гости во него, кои не можеа да одолеат на вокалната експресија вткаена во изведбата на Антониа, која тоа утро  „и го украде шоуто“ на Јована.  Се разбира водителката немаше ништо против, па таа како и сите останати бше воодушевена и фасцинирана од нашата млада пејачка, а двете русокоси – Антониа и Јована на крајот од емисијата завршија гушнати, во заедничко селфи.

Ништо поразлично не беше и при гостиувањето на Антони Гиговска во емисијата „Шареница“ на националната РТС.  Само таму во поинаков стајлинг, со поинаков изглед и многу понагласен сексапил. Фустанче во пастелна боја над колена со длабоко деколте кое на појавата на пејачката и додава силен еротски набој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Како и да е, Антониа тргна во поход на Србија… Како тргнала, наскоро многу од нивните таканаречени ѕвезди со „лажна слава“, може да ги „боли глава“! Впрочем, повеќе од очигледно е дека нашата пејачка ги поседува сите можни квалитети, за разлика од оние, кои преку ноќ стануваат тазе „пејачки“ излезени од „ријалити“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa

Останати вести од Радио Милева