Радио Милева
позитивна на корона

Македонската кандидатка Валери Димовска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а еве која е причината – „Жал ми е што заврши на ваков начин“

Македонската кандидатка Валери Димовска ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а еве која е причината – „Жал ми е што заврши на ваков начин“

Македонската кандидатка Валери Димовска (24) ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, на својот „Инстаграм“ таа истакна дека се тестирала пред да оди на снимањето на третиот круг кој неодамна започна да се снима, па нејзиниот тест испаднал позитивен и ќе мора да остане дома. Токму и поради тоа одлучила оваа сезона да не продолжи.

-Не знам како да почнам, но еве. Пред да одам на снимање на „Ѕвездите на Гранд“, јас испаднав позитивна на корона и нормално не бев на снимање на 3иот круг. Поради тоа оваа година повеќе не настапувам, многу ми е криво што мораше да заврши на овој начин. Се надевам дека следната година ќе имам повеќе среќа. Ви благодарам на сите за поддршката која ми ја дадовте, напиша таа во кусите приказни на „Инстаграм“.

Инаку, Валери настапуваше во првиот и вториот круг и ги освои шест гласа, a за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид.

Дали Валери ќе се врати во музичкото шоу или пак ќе се пријави следната година останува да видиме.

фото: Инстаграм/valeryy.d

Останати вести од Радио Милева